• четврток, 19 декември 2024

Соопштение на ВМРО-Народна партија за судењето на Љупчо Георгиевски, претседател на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола

Соопштение на ВМРО-Народна партија за судењето на Љупчо Георгиевски, претседател на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола

Скопје, 31 октомври 2023 

За ВМРО-Народна партија судењето во Битола на долгогодишниот член на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Љупчо Георгиевски како претседател на клубот „Ванчо Михајлов“ отсега па натаму ќе биде третиран како политички монтиран процес.

За жал државата преку својот орган на јавен обвинител учествува неодговорно, арогантно и прави пародија од правниот систем само за наводно да докаже некаква идеолошка определба на човекот кој е симбол на борбата за самостојна и независна Македонија.

Пародијата го достигна својот врв кога како главен сведок на обвинителот во разобличувањето на Ванчо Михајлов е повикан авторитетот на Ламбе Алабаковски кој пак е човек кој веќе и официјално е осуден за потпалување на истиот клуб.

За жал во Северна Македонија денеска се води процес за кој ни самиот Лазар Колишевски немал доблест да го поведе дури и во најтемните времиња, а да не зборуваме дека сево ова е своевидно сопствено вето што си го ставаме на нашиот пат кон европската интеграција.

Затоа ВМРО-Народна партија предлага веднаш да се прекине овој карикатурален судски процес.

 

Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан