• вторник, 25 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Скопје, 25 март 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвивa нормално, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ев/

ФОТО: Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан