• вторник, 24 декември 2024

Сообраќајот се одвива на мостот кај кумановско Проевце, санацијата продолжува на долната страна

Сообраќајот се одвива на мостот кај кумановско Проевце, санацијата продолжува на долната страна
Куманово, 12 октомври 2022 (МИА) - Од понеделник прооден за сообраќај е мостот на река Кумановка на патот R1204, на делницата Куманово – Свети Николе, кај Проевце, соопштија денеска од Јавното претпријатие за државни патишта. Санацијата на оштетувањето е завршена, а градежните активности продолжуваат сè до завршување на предвидениот рок.
- Сообраќајот ќе се одвива по мостот затоа што е завршено со санација на горниот строј на мостот и мостот e пуштен во сообраќај. Останува уште да се работи на последниот распон од главниот носач и последниот краен столб. Рокот за извршување на работите е 15 месеци од вовед во работа, соопштија денеска од ЈПДП.
Оттаму појаснуваат дека работата на последниот распон од главниот носач и последниот краен столб се извршува од долната страна на мостот така што сообраќајот може да се одвива.
  - Санацијата на мостот ќе изнесува 59.733.742 денари без данок на додадена вредност, информираа од ЈПДП. Изведувачот почна со работа 13-ти декември лани. Претходно мостот „Р1204“ над река Кумановка беше во исклучително лоша состојба и пред санирањето беше небезбеден поради отворената дупка на асфалтот. ам/мд/

Остани поврзан