• вторник, 19 ноември 2024

Сообраќајот по влажни коловози, да се вози внимателно

Сообраќајот по влажни коловози, да се вози внимателно
Скопје, 12 јануари 2020 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Слаби врнежи од снег се бележат на Попова Шапка и на планинските превои Буково, Плетвар и Пресека. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мч/дма/

Остани поврзан