• вторник, 03 март 2026

Сообраќајот на граничниот премин Меџитлија блокиран до 13 часот

Сообраќајот на граничниот премин Меџитлија блокиран до 13 часот

Битола, 9 декември 2025 (МИА) - Сообраќајниот граничен премин Меџитлија на македонска, односно Ники на грчка страна, денеска ќе биде блокиран до 13 часот.

Блокадата на граничниот премин е само за тешки товарни возила, додека останатиот сообраќај се врши непречено, потврдија за МИА од граничниот премин Меџитлија.

Протестите на земјоделците во соседна Грција почнаа минатиот месец и нема прецизни информации до кога ќе се одвиваат со блокади на граничните премини. мт/вг/ 


Фото: МИА

Остани поврзан