• понеделник, 16 март 2026

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Скопје, 15 март 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни, инофрмираат од ЈП Македонијапат.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат, како што посочуваат, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан