• петок, 22 ноември 2024

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по претежно влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по претежно влажни коловози

Скопје, 23 декември 2023 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по претежно влажни коловози, известуваат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.  

Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Оттаму велат дека по усеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.

-Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, велат од претпријатието.

Во однос на можната појава на одрони од АМСМ велат дека тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. сх/цр

Фото: МИА Архива

Остани поврзан