• понеделник, 23 јуни 2025

Сон: Финалето против Јунјатед е најважниот натпревар во мојот живот

Сон: Финалето против Јунјатед е најважниот натпревар во мојот живот

 

Лондон, 17 мај 2025 (МИА) – Капитенот на Тотенхем, Сон Хеунг-мин, изјави денеска дека финалето во Лигата на Европа против Манчестер Јунајтед в среда ќе биде најважниот ден во неговиот живот, додека клубот од северен Лондон се подготвува да ја заврши очајната премиерлигашка сезона со трофеј.

На едно коло пред крајот на Премиер лигата, Тотенхем се наоѓа на 17 место на табелата во една од свои најлоши сезони во англиското првенство.

„За нас ова е многу разочарувачка и многу слаба сезона. Но, на крајот можеме да освоиме трофеј – тоа е она што сите го сакаме“, изјави Сон за Би-Би-Си.

Победа во финалето против Манчестер Јунајтед во шпанскиот град Билбао би го прекинала 17-годишниот сушен период на Тотенхем без трофеи и би му ја донела на 32-годишниот Сон првата титула по една деценија во клубот.

„Среда ќе биде најважниот ден во мојот живот. Ќе биде одлично. Ќе бидеме возбудени и се надевам дека ќе можеме да испишеме историја“, додаде јужнокорејскиот напаѓач. ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан