Сон бил жртва на обид за изнуда, поднел тужба во Јужна Кореја
- Капитенот на Тотенхем, Сон Хјунг-мин, поднел жалба до јужнокорејската полиција тврдејќи дека бил жртва на обид за изнуда, соопштија неговите агенти, откако медиумите објавија дека жена го уценувала со лажно тврдење за бременост.
Сеул, 15 мај 2025 (МИА) - Капитенот на Тотенхем, Сон Хјунг-мин, поднел жалба до јужнокорејската полиција тврдејќи дека бил жртва на обид за изнуда, соопштија неговите агенти, откако медиумите објавија дека жена го уценувала со лажно тврдење за бременост.
-Полицијата моментално спроведува истрага, па ќе ве известиме за резултатите штом ќе бидат достапни. Сакаме да ве информираме дека Сон Хјунг-мин е очигледно жртва на овој инцидент, се вели во соопштението на неговата агенција „Сон енд Фудбал Лимитид“.
Полицијата уапси жена во нејзините 20-ти години и маж во неговите 40-ти години и истражува обвинувања дека се обиделе да изнудат пари од Сон со лажно тврдење за бременост, објавија локалните медиуми во четврток, повикувајќи се на полицијата.
Сон (32) е многу популарен во Република Кореја, не само поради неговиот успех на теренот во англиската Премиер лига, туку и поради неговата посветеност на националниот тим на земјата како нејзин капитен. дс
Фото: Архива