• сабота, 05 октомври 2024

Сончево со слаб до умерен ветер, следува пораст на температурите

Сончево со слаб до умерен ветер, следува пораст на температурите

Скопје, 31 јануари 2024 (МИА) - До крајот на денов, времето сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени. Во Скопје температурата ќе биде до 10 степени.

Синоптичарите за утре најавуваат дека ќе се задржи тивко време, со услови за појава на магла по одделни котлини. Во петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен ветер од северен правец. Потоа следува период на стабилно и суво време со пораст на температурите. Минималната температура ќе биде минус 7, а максималната 20 степени. ир/са/


Фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан