Сончево со мала облачност и со слаб југозападен ветер
![Сончево со мала облачност и со слаб југозападен ветер](https://new.mia.mk/images/20221112021917_big_730x400_25.webp )
Скопје, 4 јануари 2022 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната од 10 до 17 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до11 степени.
Во следните два дена ќе се задржи стабилно и релативно топло време, претпладне со значителна облачност и магла по одделни котлини и речни долини. Од четврток попладне следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.