• вторник, 02 јули 2024

Сончево со мала локална облачност

Сончево со мала локална облачност
Скопје, 11 мај 2020 (МИА) - Времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено и засилен ветер од југоисточен правец. УВ=7 Утринската температура ќе се движи од шест до 12 степени, а дневната температура од  22 до 30 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. УВ=7 Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура до 30 степени. Следува период на значително топло време, особено во втората половина од седмицата.

Остани поврзан