• четврток, 04 јули 2024

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност

Скопје, 19 октомври 2023 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во источните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени Целзиусови.

И во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.

До сабота претпладне ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Утре и во сабота ќе дува засилен југоисточен ветер, кој ќе предизвика значителен пораст на утринската и дневната температура. Во сабота попладне и во недела претежно во западните делови од земјата ќе има појава на повремен дожд, наместа пороен и со појава на ретки грмежи.вј/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан