• петок, 05 декември 2025

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност

Скопје, 18 мај 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде со ведро и посвежо утро, а преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура се очекува да се спушти до 5, а максималната да достигне 26 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, во следната седмица во попладневните часови се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. бд/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан