• четврток, 27 јуни 2024

Сончево со мала до умерена облачност, температура до 31 степен

Сончево со мала до умерена облачност, температура до 31 степен

Скопје, 31 мај 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Од утре под влијание на јужно воздушно струење ќе преовладува сончево и се потопло време. Температурата ќе биде во пораст, а за време на викендот и на почетокот на неделата претежно во јужните делови ќе има услови за појава на попладневна нестабилност со повремен пороен дожд проследен со грмежи, наместа процесите ќе бидат и во вид на изолирано невреме со пороен дожд, грмежи и услови за град. дма/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан