• недела, 06 октомври 2024

Сончево со мала до умерена локална облачност

Сончево со мала до умерена локална облачност
Скопје, 17 јануари 2020 (МИА) - Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус седум, а дневната температура од шест до 12 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Утринската температура ќе достигне до минус три, а дневната температура до шест степени. Во сабота по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Во недела ќе преовладува променливо облачно време, на повисоките места и планините со повремен локален снег. Во почетокот на наредната седмица се очекува стабилно време со слаб до умерен северозападен ветер.
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан