• недела, 19 мај 2024

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност
Скопје, 11 август 2022 (МИА) - Времето претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. УВ=7 Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 29 степени. До недела времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање и под просекот за овој период од годината.

Остани поврзан