СОНК: Владата и ЗЕЛС да најдат решение за надминување на енергетската криза во училиштата
- Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска на својот Фејсбук-профил објави дека Владата и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) треба заедно да изна
![СОНК: Владата и ЗЕЛС да најдат решение за надминување на енергетската криза во училиштата](https://new.mia.mk/images/20221113224817_big_730x400_44.webp )
![](/articles/images/%d0%b0%d1%80%d1%81%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%be%d1%86%d0%b5%d0/XMa11bGko/placeholder.webp?use_watermark=0)
![Скопје ученици (3)](/articles/images/mz-uchenicite-da-gi-sledat-preporakite-epidemioloshkata-sosto-ba-e-ser/fqdHh3brZ/placeholder.webp?use_watermark=0)
Градоначалниците од Полошкиот регион во вторникот побараа од Министерството за образование и наука да има поголем распуст или онлајн настава за учениците со цел училиштата да немаат високи трошоци за затоплување на училниците и просториите. За ова се разговараше на седницата на Советот за развој на Полошкиот плански регион, а идејата доаѓа од градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, кој пред неколку недели ја спомена можноста во изјава за медиумите.
-Бидејќи сметките за електрична енергија се повисоки од минатата година одлучивме како идеја да дадеме зимскиот распуст за децата да трае два месеци – декември и јануари или јануари и февруари, така децата потоа преку лето да имаат пократок распуст и учебната година да трае до 30 јуни и потоа да почнат на 15 август со новата учебна година. Или евентуално трите месеци декември, јануари и февруари да бидат онлајн. Ние сме горе-долу дигитализирани, имаме добри искуства во време на пандемијата и зошто сега повторно, во насока на заштеда на електирчна енергија, да не се одржи онлајн настава. Ќе треба поддршка од Министерството и ЗЕЛС, а нас не поддржуваат и други градоначалници, изјави Таравари. мд/дма/