• недела, 22 декември 2024

Сомневањата за вмешаноста на таткото на Вања првично потекнаа од изјавите на Велибор и Боре, изјави сведок на судењето (ДПЛ)

Сомневањата за вмешаноста на таткото на Вања првично потекнаа од изјавите на Велибор и Боре, изјави сведок на судењето (ДПЛ)

Скопје, 18 октомври 2024 (МИА) - Сомневањето кон таткото на Вања, Александар прво потекна од Велибор и Боре, кои ни кажаа дека и таткото е инволвиран. Со тие нивни искази и разумно согледување може да се види. Ние само фактите ги гледаме, изјави сведокот началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, кој сведочеше на денешното рочиште за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во Основниот кривичен суд Скопје.

На прашање од адвокатот на обвинетиот Боре Видевски, во каква состојба бил Видевски кога им кажал за поврзаноста на Александар, и дали врз него била вршена тортура, сведокот Дејан Димовски, кој во тоа време работел како началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје рече: „на столица, седеше на столица кога го кажа тоа“.

На вкрстено прашање од адвокатот на таткото на Вања, Владимир Туфегчиќ како го извеле заклучок дека девојчето не е киднапирано и дека можеби како што рече „сака да ги казни родителите", сведокот рече дека во разговорите со родителите направиле профилирање на нивниот социјален и приватен живот.

- Од тие разговори ние буквално „ги соголевме". Од нивните разговори добивме дека таа еднаш се обидела да се сече со тврд предмет. Да, да. Имало ситуации на несогласувања меѓу нив. Добро паметам, девојчето Миња рече, се сеќаваш еднаш кога се боцна, и Зорица рече да, да. Тогаш дојде индиција дека ете може сакала да ги казни и избега, за да ги смири, рече сведокот.

Прашан дали добиле впечаток дека станува збор за грижливи родители, сведокот рече да.

За виртуелниот дечко од Шведска, сведокот појасни дека родителите и децата знаеле за него.

- Мајката дури ни кажа дека и таа разговарала со него, виртуелно. Од соучениците, дека еднаш дури и се скарале, така виртуелно, за тоа зошто тој или таа се гледале со друг, рече сведкот.

Прашан за избришаната порака од Александар во вибер група со родители, дали знаат дека е во разговор со родител по име Бојана, каде Александар одговара на нивни прашања.

На прашање од одбраната на Љупчо Палевски, дали е пронајдено оружјето, сведокот рече не.

За тоа зошто не е земена парафинска ракавица од обвинетите, сведокот рече дека не знае за пракса да се зема парафинска ракавица после толку време од настанот.

- После недела дена никогаш не сме земале парафинска ракавица, изјави сведокот.

 

-Во текот на вечерните часови добив повик од помошник началник на СВР Скопје дека ќе треба да се вклучиме и ние, бидејќи има изјави од родителите дека девојчето може да е киднапирано. Се собр

На прашање од Судот, зошто мислите дека Вања не може да излезе од дома пешки, сведокот Дејан Димовски, кој во тоа време работел како началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, рече дека тие биле на лице место и направиле мапирање со камери на излезот и улиците до зградата.

- Да излезеше пешки некоја од камерите сигурно ќе ја фатеше. Нашата прва претпоставка беше дека дошло возило и таа доброволно влегла. Зошто, доброволно, затоа што е 7 и 20 и е доста раздвижено. На камерите се гледа дека има двајца комуналци кои метат. Да била насилно ќе побарала помош и тие ќе се свртеле, изјави сведокот.

На прашање од Судот, да појасни кога добиле информација за запалено возило во село Бразда, сведокот рече на 27 ноември добиле информација и местото само било обезбедено, а утре дента на 28 е извршен увид.

- Возилото беше подигнато за вештачење. Во возилото беше пронајдено остатоци од мобилен телефон, изјави сведокот.

За тоа дека таткото на Вања укажал за Охрид или Велес, сведокот рече дека тој прво го барал, да му каже нешто, но тој бил во гужва, и го откачил. 

- Кога јас ѕвонев, прво се јави Зорица, која рече дека Александар до неа. Тогаш Александар ми рече, мило ми е ако нешто ви помогнам со сликите што ги праќам на вибер. После, рече знаеш, сакав да ти кажам уште нешто. Спомнуваше две другарки на Вања и некој постар човек, па да видите нешто за идење надвор од Скопје со постар човек за Охрид, Велес или некој друг град. Велес беше потенцирано. Што сакаше да ми каже не знам, изјави сведокот.

Прашан кога го нашле телото на Вања, сведокот рече во 7-8 часот наутро, на 3 декември.

На дирекнто прашање од обвинетиот Љупчо Палевски, што слушнал конкретно од Велибор Маневски, за комуникација меѓу Палчо и таткото на девојчето, сведокот, рече тоа било кратко и јасно кажано на прашање од каде знаеле дека девојчето тој ден ќе оди само.

- Видете тоа не траеше многу. На наше прашање како знаевте дека девојчето ќе оди само. Кога го прашавме како знаеле кога ќе излезе девојчето рече „Палчо знаел од таткото“, изјави сведокот.

Прашан дали освен тоа пронашле било каква друга комуникација меѓу Палчо и таткото на Вања, сведокот рече не.

За тоа кога е копана дупката за Вања, сведокот рече, едниот одговор беше дека е тогаш на 27 ноември, а не се сеќавам имаше и друг дека „доаѓале еден претходно“.

Прашан дали на било која камера бил виден Палевски, сведокот рече да, на неколку локации од камерите на сејф сити.

За тоа дали се сомневале дека бега во Србија, сведокот рече „Ние дознавме за вас кога се беше завршено. Нема што да се сомневаме“.

Прашан дали во предистрагата имало никаков обид, или барање за откуп за девојчето, сведокот рече не.

За тоа дали на снимките го видел Палевски на трасата по која се движи возилото со некој од останатите обвинети сведокот, рече дека не се сеќава.

На директно прашање на бранителот на таткото на Вања, адвокатот Владимир Туфегчиќ, дали тој го вршел испитувањето на Александар, сведокот рече да. За тоа дали во испитувањето примниле прекумерна сила, сведокот кратко рече не.

Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски на првото рочиште се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Според обвинението, тие се сомничат дека испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. На 22 ноември минатата година, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска. аа/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан