• петок, 22 ноември 2024

Солскјер го одби Иран

Солскјер го одби Иран
Лондон, 13 јули 2022 (МИА) – Норвешкиот фудбалски стратег Оле Гунар Солскјер ја одби понудата да седне на клупата на Иран и да го предводи националниот тим на претстојното Светско првенство во Катар. Челниците на иранската фудбалска Федерација претходно оваа недела му врачија отказ на хрватскиот стратег Драган Скочиќ, кој го однесе Иран на Мундијалот во Катар и имаше биланс од 15 победи на 18 натпревари. Англиските медиуми објавија денеска дека Иранците му го понудиле селекторското столче на Солскјер, што Норвежанецот го одбил. Последен тренерски ангажман на Солскјер беше во Манчестер јунајтед од 2018 до 2021 година. Иран на Мундијалот во Катар е во група со Англија, САД и Велс. ег/паг/

Остани поврзан