• вторник, 24 декември 2024

Солберг: Норвешка следната недела ќе воведе построги мерки

Солберг: Норвешка следната недела ќе воведе построги мерки
Осло, 23 октомври 2020 (МИА) - Норвешка следната недела ќе објави построги мерки за спречување на ширењето на коронавирусот по неодамнешното зголемување на бројот на нови инфекции, изјави денеска норвешката премиерка Ерна Солберг. - Гледаме како инфекцијата се шири на многу места. Ова е загрижувачко. Затоа, ние веќе најавуваме дека националните ограничувања ќе бидат засилени следната недела. Мерките ќе бидат насочени кон областите каде што сега се шири инфекцијата, рече Солберг. Иако случаите растат и властите се загрижени, ситуацијата во Норвешка е помалку драматична отколку во другите делови на Европа. Норвешка во моментов има второ најниско ниво на инфекција во Европа, по Естонија. Кумулативниот број на случаи на Ковид-19 во период од 14 дена на 100.000 жители, според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, изнесува 36,6. Како што пренесуваат агенциите, постојат големи разлики во различни области на земјата, иако властите се најмногу загрижени за ситуацијата во Осло, каде што е задолжително да се носат маски во јавниот превоз кога е невозможно да се одржи дистанца. паг/

Остани поврзан