• сабота, 12 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

СОЗР: Сервисирани и оперативни сите лифтови во зградата на МТВ

СОЗР: Сервисирани и оперативни сите лифтови во зградата на МТВ

Скопје, 7 април 2025 (МИА) - Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) ги сервисираше и стави во целосна функција сите четири лифтови во зградата на МТВ во која канцелариски простории користат над 20 државни институции.

Лифтовите сега се целосно оперативни и обезбедуваат сигурен, брз и лесен пристап до сите катови, што значително го подобрува функционирањето на институциите и услугите кои ги нудат.

СОЗР посочува дека изминатите години лифтовите во зградата често беа неисправни, што создаваше големи проблеми за вработените и граѓаните кои имаа потреба од завршување административни работи во некоја од државните институции, што ја отежнуваше работата во институциите и пристапот до важни услуги.

- Со преземените активности, СОЗР го потврдува својот континуиран ангажман за подобрување на условите за работа и за обезбедување на високи инфраструктурни стандарди. Одговорноста и посветеноста на СОЗР во овие процеси имаат за цел да создадат безбедни, удобни и ефикасни услови за сите вработени и граѓани кои користат услуги од државните институции. СОЗР одговорно ќе продолжи да работи на унапредување и одржување на инфраструктурата во јавните институции за да обезбеди најдобри услови за секого, се наведува во соопштението. мд/са/

Фото: СОЗР 

 

Остани поврзан