• понеделник, 23 декември 2024

Совет на Европа: Признавањето на таканаречените ДНР и ЛНР од Русија е спротивно со меѓународното право

Совет на Европа: Признавањето на таканаречените ДНР и ЛНР од Русија е спротивно со меѓународното право

Стразбур, 21 февруари 2022 (МИА) - Признавањето на таканаречените „народни републики“ на Доњецк и Луганск од страна на Руската Федерација е во спротивност со меѓународното право и претставува еднострано кршење на договорите од Минск - кои остануваат единствената основа за решавање на конфликтот во Донбас, се наведува во изјавата на генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, јави дописникот на МИА.

Советот на Европа ја потврдува својата непоколеблива поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

-Ја повикуваме Руската Федерација да ја повлече оваа одлука и да се воздржи од дополнително влошување на ситуацијата, вели Марија Пејчиновиќ Буриќ.

„Ние упорно ги повикуваме нашите земји-членки да го решат своето несогласување преку дијалог заснован на почитување на принципите содржани во Статутот на Советот на Европа и во Европската конвенција за човекови права“, нагласува генералниот секретар на Советот на Европа

-Признавањето на сепаратистичките региони Доњецк и Луганск од страна на Руската Федерација е во спротивност со меѓународното право и претставува еднострано прекршување на договорите од Минск - кои остануваат единствената основа за решавање на конфликтот во Донбас, рече претседателот на ПССЕ, Тини Кокс.

Претседателот на ПССЕ и генералниот секретар на Советот на Европа, ја повикуваат притоа Руската Федерација да ја повлече оваа одлука и да се воздржи од дополнително влошување на ситуацијата.

 Тини Кокс, притоа во својата изјава вели дека „ќе му предложи на ПССЕ да расправа за ова прашање итно, особено на Постојаниот комитет во Берлин на 11 март 2022 година.тг/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан