• среда, 20 ноември 2024

Советот на Федерацијата на Русија одобри испраќање војници во Карабах

Советот на Федерацијата на Русија одобри испраќање војници во Карабах
Москва, 18 ноември 2020 (МИА) - Советот на Федерацијата на Русија едногласно усвои резолуција со која се дава согласност на рускиот претседател Владимир Путин да испрати руски војници во Нагорно Карабах. За резолуцијата гласаа 129 сенатори. Според Уставот на Русија, за прашањето за воведување воен контингент решава Советот на Федерацијата, но руските мировници веќе се во Карабах. Како што објасни претседателот на законодавниот комитет на Советот на федерацијата, Андреј Клишас, претседателот имал право да испрати мировници во Карабах без согласност на Горниот дом, бидејќи таму загинале и Руси. - Сепак, бидејќи оваа ситуација е политички договор, според кој руската армија ќе биде надвор од границите на Русија долго време, потребно е одобрување од Советот на Федерацијата, објасни Клишас. Мировниот мандат на руските сили во Карабах ќе трае пет години, со можност за негово продолжување. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин се обрати до Советот на Федерацијата да одобри испраќање руски мировници во Нагорно Карабах. паг/  

Остани поврзан