• петок, 22 ноември 2024

Советот на Општина Кавадарци одобри 900 илјади денари за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија 

Советот на Општина Кавадарци одобри 900 илјади денари за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија 
Кавадарци, 7 февруари 2023 (МИА) - Советот на Општина Кавадарци вечерва на вонредна седница одобри 900 илјади денари пари од општинскиот буџет, за настраданите од земјотресите во Турција и во Сирија.   
 
Општинските советници со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите во земјотресот. 
 
- Во тешките мигови за двете држави, секој што може, треба да ја покаже својата солидарност и хуманост на дело, апелираа советниците. 
 
Тие беа едногласни, сума од 600 илјади денари да биде уплатена на трансакциска сметка добиена од турската амбасада за настраданите во Република Турција, додека 300 илјади денари да бидат уплатени на сметката на Црвен Крст на РСМ, со намена за настраданите од земотресот во Сирија.
 
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев информираше дека утре и задутре кон настраданите подрачја ќе тргнат 10 шлепери со вода за пиење, од кои пет се донација од фондацијата „Никола Јанчев", а пет се донација од почесниот конзул на Република Турција во Битола,  Ајдован Адемоски. свд/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан