• петок, 22 ноември 2024

Советот на ЕУ препорачува намалување на антибиотиците за 20 отсто до 2030 година

Советот на ЕУ препорачува намалување на антибиотиците за 20 отсто до 2030 година

Луксембург, 13 јуни 2023 (МИА) – Министрите за здравство на земјите-членки на Европска Унија на денешниот состанокот во Луксембург усвоија препорака за намалување на потрошувачка на антимикробни лекови, меѓу другото и намалување на потрошувачката на антибиотици за 20 отсто од 2030 година.

- Не можеме да ја игнорираме смртоносната закана што микроорганизмите отпорни на лекови ја претставуваат по здравјето на луѓето. Борбата против антимикробната резистенција беше клучен приоритет на шведското претседателство, а денешната препорака им дава на земјите на ЕУ алатки за следење и намалување на потрошувачката на антимикробни средства, истакна шведски министер за социјални работи и јавно здравје, Јакоб Форсмед.

Антимикробните средства се лекови од критична важност. Сепак, поради нивната прекумерна употреба и злоупотреба со текот на годините, антимикробната резистенција е зголемена, што значи дека антимикробните средства ја губат својата ефикасност, што го прави сè потешко или невозможно лекувањето на инфекциите.

Здравството е во надлежност на земјите-членки, затоа Советот на ЕУ не може да донесува обврзувачки регулативи туку препораки кои земјите-членки можат да ги спроведуваат на доброволна основа.

Препораката е фокусирана на превенција и контрола на инфекции, надзор и мониторинг, иновации и достапност на ефективни антимикробни средства, претпазлива употреба и соработка меѓу земјите-членки и на глобално ниво. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан