• петок, 22 ноември 2024

Советот на ЕУ повика на ратификација на Конвенцијата за елиминирање на насилството и вознемирувањето на работа  

Советот на ЕУ повика на ратификација на Конвенцијата за елиминирање на насилството и вознемирувањето на работа  

Брисел, 25 март 2024 (МИА) - Советот на ЕУ ги повика земјите членки на Унијата да ја ратификуваат Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот (ИЛО) за елиминирање на насилството и вознемирувањето на работните места, јави дописникот на МИА од Брисел. 

Во својот повик Советот наведува дека насилството и вознемирувањето на работните место е широко распространета и постојана појава низ целиот свет, при што според истражувањата повеќе од едно од пет лица доживеале физичко, психичко или сексуално насилство и вознемирување на работа, при што на овој ризик особено се изложени жените. 

Конвенцијата на ИЛО е првиот меѓународен инструмент што поставува минимални стандарди за справување со вознемирувањето и насилството при работа и таа претставува обид за промоција пристојната работа за сите, здравјето и безбедноста при работа и родовата еднаквост, а треба да помогне и во борбата против дискриминацијата. 

Советот ги повикува земјите членки пред се да ги ратификуваат деловите од Конвенцијата кои се однесуваат на подобрување на работната средина со цел заштита на здравјето и безбедноста на работниците и заштита на еднаквоста меѓу мажите и жените при вработувањето. 

Меѓународната конференција на трудот ја усвои Конвенцијата за елиминирање на насилството и вознемирувањето на работите места во 2019 година. 

Со Конвенцијата првпат во меѓународното право се признаваат правото на секого за работа без насилство и вознемирување, како и обврската за почитување, промовирање и остварување на ова право. Конвенцијата ја утврдува и првата меѓународна дефиниција за насилство и вознемирување на работните места. 

Сите земји членки на ЕУ ги поддржаа целите на Конвенцијата, а на 12 овој месец Европскиот парламент са изјасни за нејзина ратификација. сп/са/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан