• понеделник, 23 декември 2024

Советодавниот одбор на ФДА ја одобри вакцината на Модерна

Советодавниот одбор на ФДА ја одобри вакцината на Модерна
Вашингтон, 18 декември 2020 (МИА) - Советодавниот одбор на американската Агенција за храна и лекови (ФДА) одобри итна употреба на вакцината против коронавирусот, изработена од компанијата „Модерна“, производител на лекови со седиште во Масачусетс и Националниот институт за здравство (НИХ). Одобрувањето на вакцината беше поддржано од 20 членови на одборот, со еден воздржан, една недела откако истото тело даде согласност за вакцината, што е заеднички произведена од компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“. Како што пренесува Гласот на Америка, се очекува ФДА да го усвои мислењето на одборот и да ја одобри употребата на вакцината на компанијата „Модерна“, по што ќе започне нејзината дистрибуција. Американскиот министер за здравство Алекс Азар за Си-Ен-Би-Си изјави дека 5,9 милиони дози се наменети за дистрибуција низ цела Америка. Претходно оваа недела, регулаторите на ФДА ги потврдија тврдењата на „Модерна“ за безбедноста и ефикасноста на вакцината. паг/  

Остани поврзан