• петок, 22 ноември 2024

Советник на Ердоган тврди дека Израел ќе ја нападне Турција

Советник на Ердоган тврди дека Израел ќе ја нападне Турција

Анкара, 25 септември 2024 (МИА) - Израел ќе ја нападне Турција, тврди советник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и ги повикува Турците да си „ги отворат очите“, соопшти турскиот информативен портал Т24.

Според Јигит Булут, кој е и главен советник на претседателот Ердоган и член на Советот за економска политика при претседателството, „наскоро Израел ќе ја нападне џамијата Ал-Акса и други свети места“.

- Потоа, како што повеќепати нашиот претседател изјави, целта ќе биде татковината Турција, истакна Булут. - Ве молам, отворете ги очите. Пред 100 години Западот се здружи и ја нападна Турција со Грција како подизведувач. Сега, повторно, Израел е новиот подизведувач,  додаде советникот.

Булут исто така го нарече членството на Турција во БРИКС како „најважен настан во историјата на Републиката“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан