• понеделник, 23 декември 2024

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска
Скопје, 13 октомври 2021 (МИА) - Гневот и лутењето може да предизвикаат сериозни проблеми во љубовната врска, а понекогаш тоа завршува и со насилство. Клучот за добра врска е во контролирањето на своите негативни емоции. Луѓето кои бурно реагираат, често тврдат дека не можат да направат ништо за да се смират. Но, и кога човек е уверен дека тоа не е во негова моќ, важно е да се знае оти секој може да научи како да си го управува гневот.

Физичкото насилство е сериозно кривично дело и никогаш не е прифатливо како одговор на провокација. Ако сте почнале да се расправате со Вашиот партнер, има чекори што може да ги преземете за да се спречи работите да излезат од контрола. Ако сте лути, кажете го тоа веднаш и не се преправајте дека не сте лути. Зборувањето за чувствата со смирен тон навистина помага да се извади сѐ на виделина. Но, вербалниот напад никогаш не помага. Во ред е да побарате „мала пауза“ и да му кажете на партнерот да го стори истото ако е премногу вознемирен да зборува за проблемот. Кога ќе се смирите, обидете се да ја решите ситуацијата. Честопати, зад гневот има тага, повреда, разочарување или чувство на вознемиреност, на пр., оти некој „Ве зема здраво за готово“. Тоа скриено чувство е поим за вистински проблем што Вие и Вашиот партнер треба „да го испеглате“ со студени глави. Веројатно и двајцата ќе треба да направите отстапки за одредени работи. Исто така, може да има сегмент од проблемот што не сте го разгледале. Компромисот не е знак на слабост, туку сосем нормална појава во секоја врска. Се разбира, освен ако не е нешто екстремно во прашање. Извинете се, ако сметате дека треба да го сторите тоа и не го терајте партнерот да го чека тоа предолго, како вид казна. Искрено кажете дека Ви е жал. Секоја караница може да има поука, и тоа ги намалува можностите за повторна слична расправија во иднина.  си/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан