Собјанин: Руската ПВО за време на викендот собори 250 дрона упатени кон Москва
- „Силите за воздушна одбрана уништија речиси 250 непријателски беспилотни летала директно на приодот... и на друга линија во правец на Москва“, напиша тој на платформата MAX.
Москва, 16 март 2026 (МИА) - Руските системи за противвоздушна одбрана во последните два дена соборија 250 беспилотни летала што се приближуваа кон Москва, објави утринава градоначалникот Сергеј Собјанин.
„Силите за воздушна одбрана уништија речиси 250 непријателски беспилотни летала директно на приодот... и на друга линија во правец на Москва“, напиша тој на платформата MAX.
Аеродромот „Внуково“ воведе ограничувања за пристигнувања и заминувања авиони, а аеродромите „Домодедово“, „Жуковски“ и „Шереметјево“ прифаќаат и испраќаат летови со одобрение од надлежните органи, пренесуваат руските медиуми.
Како одговор на нападите на украинските вооружени сили врз цивилната инфраструктура, руските трупи напаѓаат исклучиво воени објекти и претпријатија од украинскиот воено-индустриски комплекс со прецизно водено оружје од воздух, море и копно, како и беспилотни летала, наведуваат руските медиуми.сд/јт/
Фото:МИА архива