• понеделник, 23 декември 2024

Собраниска седница за одлука за продолжување на кризната состојба и за обезбедување на затворот Идризово

Собраниска седница за одлука за продолжување на кризната состојба и за обезбедување на затворот Идризово

Скопје, 26 јули 2023 (МИА) - Собранието на Република Северна Македонија за во 15 часот ја закажа 124 седница на која на дневен ред е Предлог на одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на КПУ КПД Идризово. 

Пред седницата најавено е заседание на Комисијата за одбрана и на Законодавно - правната комисија на чиј дневен ред е оваа одлука. ев/ац/

Остани поврзан