Собраниска делегација ќе учествува на редовната сесија на ПССЕ за 2024 година
- -Дебатите за скорешните случувања во Среден Исток: терористичкиот напад на Хамас врз Израел и одговорот на Израел, како и обвинувањата за систематична тортура во местата за задржување во Европа, ќе бидат меѓу истакнатите точки. Исто така, поднесено е барање за дебата под итна процедура за состојбата на децата од Украина, со онлајн интервенција на првата дама на Украина, Олена Зеленска, информираат од Собранието.
Скопје, 22 јануари 2024 (МИА) - Делегација на Собранието на Република Северна Македонија ќе учествува на првиот дел од редовната Сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за 2024 година, што се одржува од 22 до 26 јануари 2024 година во Стразбур, Франција. Делегацијата ја предводи пратеникот Дарко Каевски, а во нејзиниот сстав се и пратениците Арта Биљали-Зендели и Александар Николоски.
Како што информираат од собраниската прес-служба, на отворањето на сесијата, Собранието ќе избере претседател. Во текот на сесијата, парламентарците, исто така, ќе изберат комесар за човекови права на Советот на Европа.
-Дебатите за скорешните случувања во Среден Исток: терористичкиот напад на Хамас врз Израел и одговорот на Израел, како и обвинувањата за систематична тортура во местата за задржување во Европа, ќе бидат меѓу истакнатите точки. Исто така, поднесено е барање за дебата под итна процедура за состојбата на децата од Украина, со онлајн интервенција на првата дама на Украина, Олена Зеленска, информираат од Собранието.
Претседателот на Република Кипар, Никос Христодулиц и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, како и премиерот на Лихтенштајн, Даниел Риш, ќе им се обратат на парламентарците. Доминик Хаслер, министер за надворешни работи, образование и спорт на Лихтенштајн, претседател на Комитетот на министрите и Марија Пејчиновиќ-Буриќ, генерална секретарка на Советот на Европа, пак, ќе имаат изјави пред Собранието и ќе одговараат на прашања од членовите. сст/са/
фото МИА архива