• понеделник, 23 декември 2024

Собранието ќе ја одржи 66-та седница

Собранието ќе ја одржи 66-та седница
Скопје, 15 март 2022 (МИА) - Собранието денеска ќе ја одржи 66-та седница, на чиј дневен ред се повеќе предлог-законски решенија по скратена постапка. Пратениците треба да ја разгледаат Предлог-одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателог, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија, поднесен од група пратеници. Пред десетина дена со 61 глас „за“, без ниту еден против и без воздржани Собранието ја донесе одлуката за разрешување на пратеникот Фадил Зендели од Движењето „Беса“ од член на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не беа присутни во салата и не гласаа. На дневен ред на оваа седница е и Предлог-законот за изменување на Законот за Собранието на Република Македонија, по скратена постапка, поднесен од Талат Џафери, Горан Мисовски, Јован Митрески и Арбер Адеми. Пратениците треба да ги разгледаат Предлог-законот за платежни услуги и платни системи, Предлог-законот за изменување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, Предлог-законот за изменување на Законот за акцизите, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, сите по скратена постапка. На дневен ред е и Предлог-законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, во прво читање со европско знаменце. мд/са/

Остани поврзан