• петок, 05 декември 2025

Собранието ја изгласа интерпелацијата за работата на Љупчо Коцевски (ДПЛ)

Собранието ја изгласа интерпелацијата за работата на Љупчо Коцевски (ДПЛ)

Скопје, 29 јули 2025 (МИА) – Собранието денеска со 71 гласа „за“ и без ниту еден „против“ и „воздржан“ ја прифати интерпелацијата за работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од Левица.

Собранието изгласа и заклучок - Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата за работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се основани. Овој заклучок да се достави до Владата и до државниот јавен обвинител. 

Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев ги образложи наводите за поднесувањето на интерпелацијата за работата на републичкиот јавен обвинител Коцевски. Како прва точка во интерпелацијата се посочува дека Коцевски води селективна истрага во трагедијата во Кочани.

- Првта точка по која му замеруваме е за масовната несреќа или трагедијата од евроспки и светски размери во Кочани од 16 март 2025 година која одзема 63 жртви а преку 250 млади лица се повредени. Го обивнуваме за селективна истрага. Зошто? Затоа што чекаше три месеци за да покрене обвинение против актуелни вмровски функционери, односно индиактивно е тоа што ден после поднесувањето на нашата кривична пријава против премиерот Мицкоски за попречување на правдата веднаш се отворија истраги против актуелни припадници, начланици и инспектори од МВР. Тоа се Марија Цветковкса Мневкса началничка од ОВР Кочани. Томе Донев началник на Оддел за криминалситили работи во Кочани. Кристина Јованова главна инспекторка за економски криминал во ОВР Кочани, Драган Петрушев сменоводител ноќта од ПС Кочани, Дејан Салтирски началник на СВР Штип, потоа директорот на ДПИ Влатко Стојкоски, газдата на Рубикон, Александар Нацев кој е сликан со Мицкоски, и сите овие индикативното е тоа што еве координаторот дојде, баш ден претходната ноќ дел од овие коишто ги споменава нема да кажам кои, славеле роденден на коордианторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Мицевкси во хотелот Оаза во Штип, ден пред кобната ноќ на дискотеката Пулс. Има индиции кои стигнаа од свиркачи до нас дека се компромитирани доказите затоа што некои од овие коишто им е забрането да се пристапуваат до нивните работни места дошле во ПС Штип и со мобилен телефон ги сликале документите. Имаме нов изум во кривичнто право кој ние правниците тешко ќе го одгатнеме, а тоа е верижна линија на одговорност како термин кој јас првпат го слушам, или долгорочен каузалитет каде што имате чопоративно обвинување за исто дело на 40-тина луѓе коишто се теретат како соизвршители. Тоа значи дека сите се теретат за смртните последици коишто настанаа.Еве мене како правник објаснете ми како може министер кој земал мито или службеник кој земал мито да одговорен за смртната последица настаната после 12 години. Тоа е невозможно правно да го докажете. И ова мене ми наликува на случајот змиско око,којшто на времето Груевски се водеше две децении и на крај заврши со ослободителни пресуди и нашата држава им плаќаше на адвокатите на обвинетите, потенцира Апасиев.

Како втора точка за интерпелацијата Апасиев ги наведе политичките влијанија врз Јавното обвинителство.

-Втората точка се политичките влијание врз ЈО од страна на власта како од претходната така и од оваа власт. Ние тврдиме дека пости политички дил со премиерот на којшто му поднесовме пријава за попречување на правдата и она што на латински се нарекува „доудес“ или нашиот народ го вика „алешвериш“ - ти дадов за да ми дадеш. И магично снема кворум Во Советот на ЈО баш дента кога требаше да се одлучвуа за одговорноста на овој човек снема кворум, што покажува дека постои нечесен компромис со власта. Преку ноќ одеднаш овој чо ек од неподебен стана подобен и му се даде шанса да ја упропасти една од најголемите истраги со која што се соочува Македонија. Од друга страна постојат двојни стандарди на власта и опозицијата при заканувачите по живот кои ние ги пријавуваме. Кога пријавува на пример градоначалничка на главен град бивш командат на УЧК како и се заканува за по пет дена да ја истепа, нема никаква реакција. Кога пријавува лидер на опозициона партија дека му се закануваат радикални структури, велат треба да трпите критика, вие сте јавни личности. Но кога на пример Митко Јанчев од Кавадарци ќе пријави пцовка, веднаш се апсат, се носат во полиција, се носат во Обвинителство, па мерки притвор, па цели процедури. Или кога нас не пријавуваат Обвинителството не вика на распит со уредна покана и покрај нашиот имунитет, ама кога ние пријавуваме Обвинителството никого не вика на распит, ги држи пријавите во фиоки иако не ги држи правна анализа само значи цитира ччленови од закон без никого од пријавените да викне на распит. Што значи дека има тотална дисфункционалност на стручните колегиуми во обвинителствата кои не ја воедначуваат праксата по која што постапуваат, рече Апасиев.

Како трета и последна четврта точка за поднесувањето на интерпелацијата се спомнуваат функционалниот хаос во Вишото јавно обвинителство-Скопје и непостапувањето по службена должност за дивоградбите на урбаната мафија во Скопје.

Јован Митрески, пратеник на СДСМ истакна дека нивната пратеничка група и коалицијата нема да учествуваат со повеќе говорници на оваа седница затоа што, како што рече, нема логика да се дебатира и да се носи одлука со гласање за нешто за коешто нема или не мора да има правни последици

-Интерпелација во принцип значи барање политичка одговорност, а овде зборуваме за човек од третата власт, која по Устав треба да биде независна. Тоа од една страна. Втора страна, таа може но и не мора да има правни последици. Дали ќе има правни последици, зависи од самиот функционер, во овој случај од јавниот обвинител дали ќе поднесе оставка или не? Секако, процедурата за разрешување ер пропишана во членот 63 став 3 од Законот за јавно обвинителство каде јасно стои дека Советот на јавни обвинители мора да даде позитивно мислење за разрешување на јавниот обвинител. Фактички тоа не е формалност, туку законска обврска. Врз основа на таа дебата, ако евентуално точката беше за разрешување, врз основа на аргументите од таа дебата, врз основа на информациите со кои располагаме како пратеници и како јавност, се носи одлука „за“ или „против“ разрешување, рече Митрески. 

Тој потенцира дека нивната пратеничка група на СДСМ и коалицијата остануваат на принципиелниот став дека Јавното обвинителство мора да биде независно, ослободено од политичко влијание и притисок и сами и сите одлуки мора да се по словото на законот и никако поинаку.

-Знаете дека премиерот Мицкоски зборуваше дека треба да се смени Јавниот обвинител и дека, цитирам, таа процедура е тргната и нема сопирање. После трагичниот настан во Кочани знаете дека има промена на изјавата односно дека нема да има разрешување се додека не заврши истрагата. Со тоа што премиерот Мицковски отиде и чекор понатака кажа дека е задоволен од тоа како се води истрагата. Затоа со ова нивна одлука која што денес ја слушнавме на прес-конференција се отвораат прашања кои се легитимни, меѓутоа јавноста за тоа ќе добие одговор во следниот период. Се поставува прашањето дали премиерот Мицковски е задоволен од истрагата, бидејќи нема одговор до денес, од тогаш кога во истрагата не се опфатени началниците на Тошковски. Се поставува прашање дали целта на ова? Секако во понатамошна постапка, во понатамошен тек е вовед во целосен упат во судството. Се поставува прашање дали заради ова не се донесе Законот за Обвинителство кој да потсетам е дел од реформската агенда? Се поставува прашање дали целта е да се донесе на крајот и партиски обвинител? Или се поставува прашањето дали крајната цел е вовед во целосна партизација на судството? Тоа се легитимни прашања кои ќе се остварат а јавноста ќе добие одговор во следниот период, рече Митрески.

Упати неколку пораки до јавниот обвинител Коцевски, кој не присуствуваше на собраниската седница.

-Почитуван јавен обвинител, ние во претходниот мандат сме ви дале доверба заради вашата биографија и искуство, но исто така и ве критикуваме јавно и гласно за одредени постапки. За тоа јавноста е сведок. Вие господине јавен обвинител го водите најголемиот, најтешкиот предмет за најголемата трагедија во поновата историја на Македонија. Тоа е огромната трагедија со пожарот во Кочани. Граѓаните и сите ние очекуваме вистинска правда. Значи, вистинска, не селективна правда. Господине јавен обвинител од вас зависи дали после гласањето на ова интерпелација ќе бидете со штитот или на него? Одлуката е ваша, рече Митрески. 

Халил Снопче, пратеник на Алијансата за Албанците од крилото на Арбен Таравари нагласи дека образложението за интерпелацијата е во ред и има голем број на прекршувања од страна на Коцевски. Смета дека намерно и со целосна свест Коцевски постапувал на овој начин, како што рече, со намера да создава конфузија и да не му служи на интересите на граѓаните, на државата, на правото, туку да служи на политички интереси на некоја политичка група. 

-Ова не го кажувам јас, туку историските архиви. Тие велат дека имаме повеќекратни прекршувања и тие докажуваат дека тој не ги исполнил своите обврски како претседател на Јавното обвинителство и на фер и демократски начин да им служи на граѓаните, на државата, на законот и на правото. Гравитетот на неговото дејствување не е во насока на бранење на правото, на бранењето на интересите на интересите на граѓаните и државата, туку гравитетот на неговото дејствување е во спротивно на овие вредности, спротивно на правото. Ние имаме непочитување на право од човекот кој треба да биде парадигма на почитувањето на правото, а не парадигма на почитувањето на неправдата. Ако ти не му служиш на целта за кое што си оформена, се разбира си бескорисен, можеш да бидеш ништовен. Ова е лошо. Јас ќе ја поддржам оваа интерпелација, ако не за нешто друго, само да дадам порака кон граѓаните дека има институции и луѓе кои размислуваат за овие работи, кои зборуваат за овие вистини, не ја кријат оваа вистина и ова ќе биде една надеж барем и во Собранието има луѓе кои размислуваат за овие работи, рече Снопче. 

Собранието ќе продолжи со работа попладнево по побараната пауза од пратеничката група на Левица. фф/са/

Фото: МИА архива/принтскрин

Остани поврзан