• понеделник, 23 декември 2024

Собранието треба да одржи продолженија на четири седници

Собранието треба да одржи продолженија на четири седници
Скопје, 31 мај 2022 (МИА) – Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да одржи продолженија на 64., 39., 71., 69 пленарна седница. Во законодавниот дом е најавена и седница на Комисијата за труд и социјална политика. Пратениците вчера во рамки на 64. седница расправаа за Предлог измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој, а дебатата треба да продолжи денеска. На 64. пленарна седница останати за разгледување, се и предлог законите за дополнување на Законот за Јавното обвинителство и на Законот за Советот на јавните обвинители, како и Предлог-декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Во рамки на 39. седница законодавниот дом треба да одлучува за Предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта, по скратена постапка. На 71. седница, пак, треба да се одлучува  за одлуките за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република. За расправа на 69. седница, се предлог законите за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за взаемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС) и на Спогодбата за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и на добиточна храна и фитосанитарна област во Западен Балкан; предлог законите за изменување на Законот за заштита на децата, Законот за поштенски услуги, Законот за здравствена заштита.... На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за работните односи и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи. ар/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан