• петок, 22 ноември 2024

Собранието ги констатираше оставките на Ковачевски и Џафери

Собранието ги констатираше оставките на Ковачевски и Џафери

Скопје, 26 јануари 2024 (МИА) - Собранието денеска ја почна 139. седница на која беа констатирани оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието Талат Џафери. 

Премиерот Ковачевски и претседателот на Собранието не ги образложија оставките. 

Се очекува на седницата да биде избран новиот претседател на законодавниот дом Јован Митрески, актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ.

Ковачевски и Џафери, кој ќе биде мандатар на техничката влада, оставките ги поднесоа вчера како вовед на изборот на техничката влада на 28 јануари, сто дена пред парламентарните избори на 8 мај. ев/сс/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан