• понеделник, 23 декември 2024

Соборен азербејџански авион во Нагорно Карабах

Соборен азербејџански авион во Нагорно Карабах
Ереван, 2 октомври 2020 (МИА) - Воените операции по целата линија на фронтот во Нагорно Карабах продолжија и денеска, а противавионските системи на ерменските сили соборија авион и беспилотно летало на азербејџанските воени сили, објави портпаролката на прес-службата на Министерството за одбрана на Ерменија, Шушан Степанјан. - Противвоздушните системи на ерменските сили во североисточниот правец на Арках утрово соборија еден непријателски авион и едно беспилотно летало. Борбата продолжува по целата линија на фронтот. Непријателите се обидоа да ја пробијат линијата на фронтот во неколку насоки, напиша Степанјан на Фејсбук. Новиот конфликт околу Нагорно Карабах, претежно ерменска енклава во Азербејџан, избувна на 27 септември и од тогаш се убиени повеќе од 100 лица, а ранети се стотици. И Ерменија и Азербејџан прогласија воена состојба и воена мобилизација. Конфликтот во Нагорно Карабах започна во февруари 1988 година, кога автономниот регион прогласи отцепување од Азербејџанска ССР. По вооружениот конфликт во периодот 1992-1994 година, Баку изгуби контрола над Нагорно-Карабах и седум соседни региони. Преговорите за мирно решавање на конфликтот се водат од 1992 година во рамките на Минската група на ОБСЕ, предводена од тројца копретседавачи - Русија, САД и Франција. Азербејџан инсистира на зачувување на својот територијален интегритет, а Ерменија ги штити интересите на непризнатата република, имајќи предвид дека Нагорно-Карабах не е страна во преговорите. паг/  

Остани поврзан