• понеделник, 23 декември 2024

Снегот го блокира Голо Брдо

Снегот го блокира Голо Брдо
Дебар, 1 април 2020 (МИА) - Обилните врнежи снег ја блокираа областа Голо Брдо, на дел од албанско -македонската граница кај Дебар, населена главно со Македонци. Во ова ридско-планиснко подрачје кое брои 22 села, дебелината на снежната покривка изнесува половина до околу еден метар. -Целосно сме отсечени од светот, патиштата се блокирани, очекуваме наредните денови надлежните да испратат механизација за расчистување. Снабдувањето со електрична енергија засега е нормално. Но, секако поради мерките на албанската Влада против коронавирусот седиме дома, изјавија телефонски жители од областа. Според нив, благодарение на залагањата на првите луѓе на трите административни единици, по појавата на коронавирусот и мерките, досега нема никаков проблем во однос на снабденоста со прехранбени и други прозводи и лекови. Поради коронаврусот се затворени двата гранични премина кај Дебар, оној кај „Блато“ и преминот Џепиште-Требиште кој поради близината најчесто го користеа жителите од Голо Брдо. вт/мч/

Остани поврзан