• понеделник, 23 декември 2024

СНБ очекува профит во 2020 година од 21 милијарда франци

СНБ очекува профит во 2020 година од 21 милијарда франци
Цирих, 8 јануари 2021 (МИА) - Швајцарската централна банка (СНБ) денеска соопшти дека очекува нејзиниот профит во 2020 година да биде околу 21 милијарда франци (23,72 милијарди американски долари), што би значело дека е повеќе од преполовено во споредба со претходната година. Минатата година СНБ оствари профит од 13 милијарди франци од позиции во странски валути. Вредноста на 1.040 тони злато што го држи е зголемена за седум милијарди франци, а една милијарда франци се заработени на позиции на франци, се вели во соопштението. Вредноста на портфолиото на злато се зголеми во корона-кризата, бидејќи инвеститорите во благородниот метал бараа безбедно засолниште за нивниот капитал. Во САД, каде СНБ има удел во речиси 2.500 компании, вклучувајќи ги „Епл“ и „Тесла“, S&P 500 скокна 16 отсто минатата година, а индексот Nasdaq - 44 отсто. Инвестициите на СНБ се резултат на зголемените набавки на девизи минатата година, што доведе до тоа САД да објават на крајот на годината дека Швајцарија манипулира со девизниот курс на домашната валута. Профитот на СНБ во 2020 година е значително помал во споредба со 2019 година, кога тој изнесуваше 48,9 милијарди франци, бидејќи слабеењето на доларот ги намали профитите по неговото пресметување во франци.

Остани поврзан