• петок, 22 ноември 2024

Сменетиот лидер на Сириза, Стефанос Каселакис, ја напушта партијата за да формира своја

Сменетиот лидер на Сириза, Стефанос Каселакис, ја напушта партијата за да формира своја

Атина, 10 ноември 2024 (МИА)  - Сменетиот лидер на грчката опозициска партија Сириза, Стефанос Каселакис, најави дека ја напушта таа партија за да формира своја.

Каселакис, бизнисмен кој главно живееше во САД и влезе во политиката дури минатата година, ја напушти Сириза откако партискиот Конгрес одби да се разгледа неговата кандидатура за лидер, објави „Гардијан“.

Тој во петокот рече дека ја напушта Сириза откако на дводневниот конгрес на партијата беше одбиено барањето да се разгледа неговата кандидатура за лидер на внатрепартиските избори што треба да се одржат подоцна овој месец.

Каселакис (36) влезе во грчката политика во мај 2023 година како кандидат на изборите на кои Сириза претрпе катастрофален пораз и на кои победи конзервативната Нова демократија.

Тој го замени долгогодишниот лидер на партијата Алексис Ципрас, кој поднесе оставка по неуспехот на изборите.

Многу членови на Сириза кои го поддржаа Каселакис набрзо почнаа да го обвинуваат дека не е вистински левичар.

Еден истакнат член на Сириза дури го спореди Каселакис со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

 Централниот комитет на Сириза го смени Каселакис од функцијата во септември, откако му беше изгласана недоверба.

Тој ја оспори легитимноста на гласањето и требаше да се кандидира за лидер, но неговата кандидатура беше одбиена од Централниот комитет на партијата.

Заедно со Каселакис во петокот и саботата партијата ја напуштија и четворица пратеници.

По овој развој на настаните Сириза сега има 31 пратеник во грчкиот Парламент од вкупно 300 пратеници.

Сириза беше владејачка партија во Грција од 2015 до 2019 година, а неодамнешните анкети покажуваат дека поддршката за партијата паднала под десет проценти.сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан