• недела, 22 декември 2024

Словенија на 1 септември ќе го преземе едномесечното претседавање со Советот за безбедност на ОН

Словенија на 1 септември ќе го преземе едномесечното претседавање со Советот за безбедност на ОН

Љубљана, 29 август 2024 (МИА) - Словенија на 1 септември официјално ќе го преземе едномесечното претседавање со Советот за безбедност на ОН.

Амбасадорот Самуел Жбогар, специјалниот претставник на Словенија во Советот за безбедност, има искуство во претседавањето со Советот за безбедност, бидејќи беше заменик на амбасадорот Данило Тирк за време на првиот мандат на Словенија во Советот за безбедност во 1998-1999 година, јави СТА.

Жбогар ќе ја претстави програмата за работа во вторник на 3 септември.

Главниот настан за време на едномесечното претседавање со Словенија ќе биде дебатата на високо ниво на 25 септември на почетокот на Генералното собрание. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан