Словенечкиот економски и социјален совет не ја одобри нацрт-резолуцијата за одбрана
- Словенечкиот економски и социјален совет (ЕСС) не ја одобри нацрт-резолуцијата за одбраната, со која финансирањето на одбранбената и безбедносната политика ќе се зголеми на два проценти од бруто-домашниот производ (БДП) оваа година, а постепено ќе се зголеми на три проценти до 2030 година, јави СТА.
Љубљана, 6 јуни 2025 (МИА) - Словенечкиот економски и социјален совет (ЕСС) не ја одобри нацрт-резолуцијата за одбраната, со која финансирањето на одбранбената и безбедносната политика ќе се зголеми на два проценти од бруто-домашниот производ (БДП) оваа година, а постепено ќе се зголеми на три проценти до 2030 година, јави СТА.
Синдикатите и работодавачите изјавија дека не е јасно како владата ќе ги финансира зголемените трошоци за одбрана.
Министерот за труд Лука Месец изјави дека дискусијата главно била фокусирана на начините за финансирање на дополнителни средства за одбрана и безбедност.
Мартина Вук, заменик-генерален секретар на Конфедерацијата на синдикати од јавниот сектор рече дека резолуцијата не ги анализира ниту опишува детално зголемените трошоци за одбрана.
„Се плашиме што ова значи за сите наши социјални подсистеми во следните неколку години“, рече таа, додавајќи дека првиот момент на вистината ќе дојде со нацрт-буџетите за 2026 и 2027 година. зш/