• понеделник, 23 декември 2024

Словенечкиот амбасадор во посета на Општина Илинден

Словенечкиот амбасадор во посета на Општина Илинден
Скопје, 4 март 2021 (МИА) - Во работна посета на Општина Илинден престојуваше словенечкиот амбасадор Милан Предан. Амбасадорот се сретна со градоначалникот Жика Стојановски, а ги посети и локалните економски зони, како и Средното општинско стручно училиште „Илинден“. Од општинската прес-служба информираат дека на средбата амбасадорот Предан бил запознаен со капацитетите и можностите за инвестирање во повеќе области во Општина Илинден, како и со реализацијата на капиталните проекти во делот на комуналната и патната инфраструктура, образованието, детската заштита, културата и заштитата на животната средина. Притоа, биле разменети и позитивни искуства применети во општини во Република Словенија за подготовка, аплицирање и реализација на проекти со користење на средства од ИПА фондовите на Европската унија. Градоначалникот Стојановски ја искористил можноста на гостинот од Словенија да му врачи примерок од ексклузивното издание на монографијата на Општина Илинден, со цел амбасадорот подобро да се запознае со историјата и можностите што ги нуди општината. ???????????????????????????????????? - Посетата на амбасадорот Милан Предан е резултат на досегашната долгогодишна успешна и плодна соработка на општина Илинден и претставниците на словенечката амбасада во нашата земја, и воопшто соработката со Република Словенија. Плод на оваа соработка е и изградбата на Средното општинско стручно училиште „Илинден“ во 2012 година, кое чинеше 1,8 милиони евра, каде свој удел имаше и Република Словенија со грант средства во износ од 500 илјади евра, проект што се реализираше преку билатерална соработка со нашата влада, посочуваат од општинската прес-служба. Во рамки на престојот во Општина Илинден е посетено средното општинско училиште „Илинден“ при што амбасадорот од својот домаќин бил запознаен со одвивањето на образовниот процес во училиштето, во кое учениците имаат можност да се образуваат во повеќе најсовремено опремени кабинети за струките електротехничар за електроника и телекомуникација и електротехничар за компјутерска техника и автоматика. Исто така, ја посетила и локалната економска зона Марино-Кадино, каде што во рамките на традиционална еколошка акција за почист воздух „Со зеленило против загадувањето“ градоначалникот Стојановски и амбасадорот Предан засадија повеќе садници.фф/са/

Остани поврзан