Словенецот Јозе Урх на тренинг камп во Битола со македонски талентирани пингпонгари
- Словенечкиот тренер, Јозе Урх, од 28 октомври до 1 ноември во Битола работи со 16 млади талентирани македонски пингпонгари.
Скопје, 30 октомври 2024 (МИА) – Словенечкиот тренер, Јозе Урх, од 28 октомври до 1 ноември во Битола работи со 16 млади талентирани македонски пингпонгари.
-Со ова продолжуваме со вложување во младите таленти, но и истовремено помагаме на клубовите во подигнување на нивото на тренинг, објави Пингпонгарската федерација на Македонија.
Тренерот од Словенија е светски познат експерт кој во соработка со Меѓународната пинг-понг федерација (ИТТФ) организираат тренинг кампови во Европа и надвор од континентот. зс/
Фото: ПФМ