• недела, 22 декември 2024

Словачкиот премиер Фицо утре заминува во посета на Кина

Словачкиот премиер Фицо утре заминува во посета на Кина

Братислава, 29 октомври 2024 (МИА) - Словачкиот премиер Роберт Фицо утре заминува во посета на Кина каде ќе се сретне со кинески претставници со цел поттикнување поблиски билатерални и економски односи.

Посетата, која завршува следниот вторник, ќе се одржи во врска со напорите на Словачка да изгради партнерства надвор од оние со ЕУ и НАТО. Фицо ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, премиерот Ли Кианг и други лидери и ќе учествува на отворањето на бизнис форум во Пекинг.

Тој минатата недела во обраќање пред Парламентот рече дека неговото патување во Кина е неговата најважна посета оваа година „не само затоа што ќе вклучи широка дискусија за можностите за мирно решавање на конфликтот во Украина, туку пред се ќе биде поврзана со стратешката соработка и барањето дополнителни можности за економска соработка со Кина“, додаде Фицо.

Фицо, кој е сојузник на унгарскиот премиер Виктор Орбан, остро ја критикуваше политиката на ЕУ за Украина и, како и Орбан, се спротивстави на санкциите против Русија и се обидува да ги развие односите со Кина. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан