• понеделник, 23 декември 2024

Словачка размислува да воведе данок на засладените безалкохолни пијалаци

Словачка размислува да воведе данок на засладените безалкохолни пијалаци

Братислава, 8 април 2024 (МИА) - Владата на Словачка размислува да воведе данок на засладените безалкохолни пијалоци и може да го зголеми данокот на тутунските производи како дел од пакетот за консолидација на буџетот од 1,4 милијарди евра за 2025 година, изјави денеска премиерот Роберт Фицо.

Буџетскиот дефицит на Словачка оваа година би требало да надмине шест отсто од БДП и да биде најголем во еврозоната поради значително повисоките државни трошоци.

Владата им помага на граѓаните со високи сметки за енергија и ги зголеми пензиите.

Целта е да се заштити економијата и животниот стандард на 5,4 милиони граѓани, според ветувањето на новата Влада која стапи на функција на крајот на минатата година.

Буџетските планови за следната година сигнализираат забрзано темпо на намалување на дефицитот во буџетот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан