Словачка планира да распише тендер за изградба на нова нуклеарна централа во средината на 2025 година
- Словачка планира кон средината на 2025 година да распише тендер за изградба на нова нуклеарна централа со цел да ја задоволи растечката потрошувачка на електрична енергија со изградба на нови капацитети, соопшти денеска словачкото Министерство за економија.
Братислава, 20 ноември 2024 (МИА) - Словачка планира кон средината на 2025 година да распише тендер за изградба на нова нуклеарна централа со цел да ја задоволи растечката потрошувачка на електрична енергија со изградба на нови капацитети, соопшти денеска словачкото Министерство за економија.
Во соопштението се наведува дека новата нуклеарна централа ќе има моќност од околу 1.700 мегавати (MW).
Се нагласува дека победникот на тендерот ќе биде објавен во април 2027 година, а изградбата би можела да започне во 2032 година.
Пробната работа на нуклеарната централа е планирана за 2038 година, а целосната работа во 2040 година.
Се проценува дека трошоците би можеле да изнесуваат околу 10 милијарди евра. мс/
фото: МИА архива