• понеделник, 23 декември 2024

Словачка го укинува карантинот за повратници од 19 земји

Словачка го укинува карантинот за повратници од 19 земји
Братислава, 9 јуни (МИА) - Мерката на задолжителен двонеделен карантин за словачките граѓани кои се враќаат од странство ќе биде укината за сите оние кои доаѓаат од 19 земји прогласени за безбедни, потврди премиерот Игор Матовиќ. Носењето заштитни маски на отворени јавни места нема да биде задолжително, туку ќе важи само како препорака. Во затворен простор, оваа мерка ќе мора да се почитува, освен во рамките на затворена група  работници кои се на растојание од најмалку два метра. паг/      

Остани поврзан