• вторник, 13 јануари 2026

Следува стабилно, но студено време со температури до -10 степени

Следува стабилно, но студено време со температури до -10 степени

Скопје, 26 декември 2025 (МИА) - Следува период на стабилно, но студено време, со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат под нулата. Особено студено ќе биде во првите денови од следната седмица, кога на одделни места температурите ќе се спуштат и до -10 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во деновите од викендот се очекува да дува засилен до силен северен ветер, кој локално ќе достигнува брзина и над 60 километри на час. дма/вг/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

Остани поврзан